На површина од 1200 м2, Резонатор отвори уште еден салон за мебел Ивана, со локација во индустриската зона на патот за Крушево.
Резонатор
ул."Александар Македонски" б.б.
ул."Васил Главинов" бр.25
7500 Прилеп, Македонија
тел: +389 48 414 601
факс: +389 48 416 600
Резонатор е фирма со долгогодишно работно искуство на македонскиот пазар. Во 1997 година, фирмата започнува да работи со производство и трговија на механизми за тапациран мебел и претставува првата македонска фабрика од овој тип.
Освен со производствената дејност, Резонатор се занимава и со трговија на секаков вид мебел. Искористувајќи 100% сопствен капитал, во 1999 година, фирмата започнува со големи градежни активности, со што по завршувањето во 2004 година, го добива сегашниот изглед.
Од самото основање па до денес, масовно се инвестира во опрема и технологии за производство, следејќи ги најновите технолошки достигнувања во светската индустрија.
Денес Резонатор распо лага со голем број машини, опрема, технологии и кадар, со кои се овозможува производсто на најсовремени производи од својот тип. Со тек на време, Резонатор доживува голем пораст на производството и продажбата, како на домашниот така и на странските пазари.
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ. РЕЗОНАТОР 2013